По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.
Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор.
Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување. Во вакви случаи, особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со интензивно постапување во предметот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек, согласно законските можности.
- Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13
- СДСМ: Рацете ви се крвави, оставка од Тошковски
- Стари долгови ја закочија продажбата на луксузното „ауди“ на Мерко
- Мицксоки на комеморативната седница: Се сплотуваме во тагата
- Министерството за дигитална трансформација одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите
- Тешка сообраќајка: Автомобил излета од патот – тројца повредени
- Пијан скопјанец со „форд“ се забил во полициска „шкода“ – три лица пренесени во болница
- МНР: Евакуирани 458 лица со четири летови од Блискиот Исток

