Дваесет и еден вработен во болница во Загреб позитивни на ковид-19

Во клиничката болница „Меркур“ во Загреб е регистриран 21 позитивен резултат на ковид-19 меѓу вработените, а 84 се во самоизолација.

 

Двајца хирурзи за трансплантација се позитивни на ковид-19, но што се однесува до трансплантациите, нема одложување, јави ХТВ. Три мајки во самоизолација чекаат за породување, пренесува Хина.

Поради контакт со позитивни здравствени работници, 10 пациенти се наоѓаат во самоизолација во болницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа