Два и пол кубни метри песок, чакал и земја извадени од тетовскиот водовод

Околу 2,5 кубни метри песок, чакал и земја се отстранети од цевководот на улицата „Цветан Димов“ во Тетово кои се насобраа по дефектот и за време на замената на водоводните цевки минатата недела.

Како што информира работната единица Водовод и канализација при Јавното Комунално Претријатие „Тетово“, овие интервенции беа причини вчера и денеска да има нови прекини во водоснабдуавњето кај голем дел од домаќинствата.

-Откако беше утврдено нема проток на водата и дека има затнување и блокирани цевки, вчера во 15 часот започнаа интервенции и прекини. Околу 19 часот се пушти системот во употреба но немаше доволно притисок за да има доволно вода кај сите домаќинства, објасни раководителот на водотехничката лабораторија во тетовскиот водовод, Љуљзим Шаќири.

Од утровоа поради продолжување со отстранување на наносите од песок и земја повторно било  прекинато водоснабдувањето кај 60 проценти од градот.

-Два и пол кубика песок се извдадени кај редукторот и заштитана мрежа што ја има цевководот на улицата „Цветан Димов“ кај објектот на поранешното медицинско училиште на потег од 60 метри. Се работеше до 14 часот, а од 16 часот веќе почна нормалното снабдување со вода, рече Шаќири.

Според него, системот сега е во добра кондиција.

-Со оглед дека има доволно доток на вода од природните извори за очекување е во текот на денот секаде да има нормално водоснабдување и достигнување на притисок од четири бари во системот.  Имаме интервентна екипа која работи на пријавите за појава на песок кај вентили и водомери.  Мора да се има предвид дека притисокот на вода во чешмите е зависен од повлекувањето на водата од оние кои имаат хидрофори и цистерни за складирање на вода, истакнува Шаќири.

Дотокот на вода во тетовската градска мрежа сега изнесува 400 литри во секунда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега