Close Menu
Press24
    Најново

    За влакно избегната експлозија во Кочани – Беснеел голем пожар, две лица вдишале чад

    13.03.2026 во 10:52

    (ВИДЕО) Тревога во базата Инџирлик: Сирени и мистериозен објект на небото над Турција

    13.03.2026 во 10:36

    Мицкоски: Македонија во првите пет во Европа според растот на економијата

    13.03.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • За влакно избегната експлозија во Кочани – Беснеел голем пожар, две лица вдишале чад
    • (ВИДЕО) Тревога во базата Инџирлик: Сирени и мистериозен објект на небото над Турција
    • Мицкоски: Македонија во првите пет во Европа според растот на економијата
    • Хаос на бензинските пумпи низ Европа: Цените се менуваат на секој час, залихите на гориво се намалуваат
    • Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија
    • Бавна испорака, оштетени пратки – Незадоволни третина од онлајн купувачите
    • (ФОТО) Тага во домот на Марија Шерифовиќ: На сите ќе им недостигаш
    • ФОТО: Министерството за Култура се огласи по смртта на Кили: Неговиот талент остави значаен белег
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ предлага итни мерки: Поскапи горива од понеделник, власта да направи нешто

    ДУИ предлага итни мерки: Поскапи горива од понеделник, власта да направи нешто

    13.03.2026 во 09:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните продукти и на нафтените деривати, додека Министерството за економија и Владата остануваат молчаливи, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети, велат од ДУИ.

    Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги трошоците за живот на граѓаните и за бизнисите.

    Во ваква ситуација, улогата на институциите е да дејствуваат. До сега не видовме ниту план, ниту мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на куповната моќ на граѓаните.

    Демократската унија за интеграција смета дека постојат итни чекори што можат веднаш да се преземат:

    – Линеарно зголемување на платите за 3500 денари, почнувајќи од мартовските плати.
    – Привремено замрзнување на цените на основните прехранбени производи.
    – Активирање на државните резерви на нафта, кои се набавени по цена пониска од 70 денари за литар, со цел да се ублажи пазарниот удар.
    – Ваучер од 3000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење, како компензација за зголемените трошоци за превоз.

    Ова се изводливи мерки кои можат веднаш да се спроведат доколку постои институционална волја.

    Граѓаните имаат потреба од брза реакција и економски политики кои ќе ги заштитат во време на криза. Институционалната тишина не е одговор на растот на цените.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.