Наместо политика на страв и поделби, Демократската унија за интеграција (ДУИ) предлага „Договор за национален напредок“. Потпретседателката Арта Биљали Зендели денеска истакна дека Петтиот конгрес на партијата избрал поинаков пат – пат на надеж и консензус.
Според неа, оваа иницијатива не е партиска, туку сеопштествена платформа во која треба да се обединат експертите, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор за да се решат клучните проблеми во економијата, здравството и образованието.
„Со години, земјата се држи како заложник на фиктивни стравови, на имагинарни непријатели и на намерно создадени поларизации… Ние веруваме дека дојде време да се запре овој политички апсурд. Овој договор нема за цел да управува со стравот, туку да создаде надеж“, порача Биљали Зендели.

