ДУИ: Меџити и Таравари јавно се пофалија за ослободувањето на Блерим Рамадани

 

„Со пофални објави на нивните Фејсбук профили, џентлмемот и претприемачот градител Изет Меџити и д-р Арбен Таравари побрзаа да ја преземат заслугата за „ослободувањето“ на поранешниот војник на ОВК. МВР и Обвинителството мора да ги викнат на распит и да одговараат за нивната улога во „ослободувањето“ на Рамазан!“, велат од ДУИ. 

„Дали најконкретно Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши и Ќоку се согласуваат со ВМРО ДПМНЕ дека за бегството е одговорен судијата Пајазит Пајазити? 

Или пак, како сиот свет, сметаат дека е одговорно МВР? 

Како Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши, Ќоку ја коментираат одлуката на Врховниот суд со која се загрозуваат сите војници на Ослободителната војска на Косово да бидат екстрадирани во Србија? 

Недостигот на изборен легитимитет кој произлегува од волјата на народот те прави миленик на ВМРО, но те остава немоќен и не те прави ништо повеќе од слуга, слуга, без точка на достоинство“, соопшти ДУИ.

 
23.08.2024 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа