ДУИ: Ја каниме академската и граѓанската заедница да го избереме Албанскиот премиер

Време е за Премиер Албанец, веќе сме истакнале за нас, како ДУИ, ова барање е поголемо од секоја партија и секоја личност. Ова е над нанационалната кауза од посебна важност за целата Албанска заедница и целата земја, порача Фиснике Бектеши, кандидат за пратеник на ДУИ во 6-та Изборна Единица.

„ Првиот Премиер Албанец треба да биде Премиер на сите. Тој или таа не треба да преставуваат само една политичка идеологија, туку за сите Албанци и за сите други граѓани во Северна Македонија под еднакво.

Со првиот Премиер Албанец имаме за цел да ја оставиме во минатото старата епоха и да започнеме нова политичка епоха каде потребите на граѓаните ќе бидат пред партискиот интерес. Со еден премиер Албанец независен и консенсуален, кој нема да и служи на ниту една партија, туку само на граѓаните.

Додека ние целиме консензуален Премиер Албанец, ние со ова ги повикавме академците, ректорите, професорите, албанските организации, не само да ја поддржат каузата, туку да дискутираат и да се договориме за идеалниот кандидат за ова позиција која е најважната позиција во државата.

Ние веруваме дека заедно можеме да ја напишеме исторјата и да ја смениме политиката на подобро во Северна Македонија. Заедно со Вас и со првиот Премиер Албанец.

Ние посакуваме сериозно да го вклучиме цивилното општество и нашата академска заедница во изборот на еден консенсуален кандидат. Поради ова причина, ДУИ и лидерот Али Ахмети контактираше со Албанските институции,университетите, НВО-та, претставниците од економијата и другите претставници на цивилното општество, за да се советува во врска со можните кандидати и нивните барања за профилот на тие кандидати.

Завчера ги повикавме Албанските политички партии да ни се придружат веднаш после завршување на изборите, а вчера ја повикавме и македонската и другите заедници да ни се придружат“ истакна Бектеши.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега