ДУИ: Ги осудуваме скандалозните изјави на пратеникот на ВМРО, земјата чекори по европскиот пат

 
„Демократската унија за интеграција најостро ги осудува скандалозните изјави на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ кажани од највисоката законодавна институција."- велат во своето соопштение
 
-Ваквите изјави на Александар Николовски, кој е и потпретседател на најголемата опозициска партија, не само што се скандалозни, туку и поттикнуваaт војна и шират омраза меѓу населението, потенцираат од ДУИ.
 
„Демократската унија за интеграција ја повикува ВМРО ДПМНЕ да се огради од овие поттикнувачки изјави на Николовски искажани во Собранието и истовремено апелира истите изјави да ги осудат и другите партии кои работат на тоа државата да оди напред.
 
Не треба да се дозволи во никој случај, кога земјата е во најважните моменти да чекори по европскиот пат, некој да ја врати со години назад со декларации кои поттикнуваат војна.
 
Демократската унија за интеграција ги уверува граѓаните дека како проевропски и проамерикански субјект ќе работи на зачувување на демократскиот и европски дух на земјата и ќе работи иднината на новите генерации да биде во големото европско семејство."- стои во нивното соопштение.
20.02.2023 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега