40 унапредувања во Централниот регистар, а ниту едно за Албанците. Демократската унија за интеграција го оценува ова како сериозно кршење на принципот на правична застапеност и алармантен показател за третманот на Албанците во државните институции, стои во реакцијата на ДУИ.
Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, туку исклучок.
ВЛЕН, како дел од владата, сноси директна одговорност за оваа состојба.
Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат.
ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите на овие унапредувања, како и преземање конкретни мерки за обезбедување правична и еднаква застапеност.
Албанците не можат да бидат третирани како невидливи во институциите на оваа држава.

