Државниот просветен инспекторат ќе проверува колку се безбедни училиштата

 

Локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, План за заштита и спасување во кризни ситуации потврден од Дирекција за заштита и спасување и Правилник за заштита од пожари и експлозии, кој исто така треба да биде одобрен од Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти Министерството за образование и наука.

МОН на 20 март се обратило до општините, кои се основачи и согласно процесот на децентрализација надлежни за работата на основните и средните училишта, за проверка на исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти.

-Недостигот на кој било документ подразбира неодложно постапување и зајакнување на сигурноста на учениците за време на престојот во училишните објекти. Обврската се однесува и на училиштата под надлежност на државата, односно основните училишта со ресурсни центри и државните училишта за образование и рехабилитација. Дадена е и насока за редовна проверка на функционалноста на опремата за справување со кризни ситуации и непогоди, како ПП-апарати и хидранти, наведува МОН во соопштение. 

Министерството напоменува дека од денеска и Државниот просветен инспекторат, во рамки на своите надлежности, ќе проверува дали училишните објекти се осигурени. 

24.03.2025 - 11:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега