Луксузниот брег на Дубаи ноќеска беше цел на напад со беспилотно летало, кој предизвика сериозни оштетувања на висок облакодер во елитната област „Дубаи Крик“. Како што соопштија локалните власти, дронот директно „паднал во зградата“, по што избувнал пожар кој пожарникарите го гаснеле со часови.
Објавените фотографии од местото на настанот се застрашувачки – на врвот на модерната висококатница зјае огромна дупка предизвикана од силниот удар. За среќа, според официјалните информации од прес-службата на владата на Дубаи, нема повредени лица во овој инцидент кој го вознемири целиот град.

