Драматичен апел на СЗО: Ова е моментот кога луѓето се најзаразни

Водечката експертка на Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керков, се обиде да го разјасни недоразбирањето „што се појави по нејзината презентација вчера дека луѓето кои се позитивни на ковид-19 и немаат никакви симптоми, ретко можат да бидат носители на болеста, велејќи дека тоа се однесува на само неколку спроведени студии, и тоа не е заклучок на сите истражувања.

Нејзините коментари вчера предизвикаа забуна и многу прашања кај експерти и здравствени службеници кои препорачаа, а на некои места дури и бараа од луѓето да носат маски, за да се спречи ширењето на вирусот, пренесува АП.

Ван Керхов појасни дека некои луѓе не развиваат симптоми, но дека сè уште можат да ја пренесат инфекцијата.

„Од многу ограничените информации што ги имаме сега, се чини дека луѓето имаат најголема количина на вирус во организмот непосредно пред почетокот на симптомите или кога ќе започнат да ги развиваат“, рече Марија ван Керков, епидемиолог од СЗО.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се позитивни за вирусот корона се најинфективни кога почнуваат да се чувствуваат лошо, велат експертите на СЗО, додавајќи дека затоа што тие се најзаразни непосредно пред првите симптоми, тешко е да се контролира вирусот што предизвикува ковид-19, но можно е да се спречи ширењето со ригорозно тестирање и физичко растојание.

Прелиминарните студии спроведени во Германија и САД покажуваат дека луѓето со лесни симптоми можат да бидат заразни осум до девет дена, а оние со потешки симптоми многу подолго, додаде Ван Керков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега