Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Ресен поднесе кривична пријава против 36-годишниот А.А. од Прилеп и 32-годишната С.А. од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Според пријавата, на 23 јули 2026 година во Ресен, двајцата пријавени физички ја нападнале својата 15-годишна ќерка, при што употребиле и дрвен предмет.

