Вчера во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница. Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница. Подоцна, во 05:30 часот, додека бил во полициска станица, Б.Ј. пријавил дека во 02:30 часoт пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И. од Виница.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
- Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
- Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
- Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
- Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
- Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
- Во Колумбија се урна авион со 110 војници
- Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
- Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

