Вчера во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица.
Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал.
А.Х. е запрен при управување патничко возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за одземено во Неготино.
Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случаите против А.Х. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
- Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
- Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
- По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
- Фредериксен: Гренланд не е на продажба
- Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
- Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
- Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите

