Вчера во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица.
Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал.
А.Х. е запрен при управување патничко возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за одземено во Неготино.
Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случаите против А.Х. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Земјотрес ја стресе Македонија
- Утре ќе нема струја седум часа – електродистрибуција најави исклучувања
- „Ми се закани со остар предмет и ми ги зема парите“ – Ограбен млад скопјанец во Центар
- Стефковски на тркалезна маса на УНДП: Општина Гази Баба потврдена како една од најтранспарентните во Скопје
- Се пребарува Охридското Езеро – скопјанец пријавил дека неговиот син исчезнал
- Божиновска: Новите закони за геологија и рударство ќе обезбедат економски развој и висока заштита на животната средина
- Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Радовиш: Тракторист се здоби со тешки повреди
- Падна пресуда: 45 дена затвор за скопјанката која со „мерцедес“ прегази куче во Црна Гора



