Вчера во 10 часот во СВР Тетово, Б.А. (56) од село Горно Палчиште пријавил дека во изминатите денови неколку лица, кои ги познава, вршеле притисок и со закани барале од неговиот син Д.А. да исплати поголема сума пари и да им предаде возила.
Според пријавеното, барањата биле поврзани со договор за деловен простор во Тетово. По упатените закани, од 13 септември Д.А. е недостапен и неговиот татко не успева да стапи во контакт со него.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето. објави Скопје1.мк


