Драма во Кавадарци: Сопругот пријавил дека сопругата му се заканува, па полицијата ја приведе

Во текот на вчерашниот ден лишенa е од слобода кавадарчанка која му се заканувала на сопругот, информираа денеска од СВР Велес. 

- Вчера во 11.15 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода А.Б.(46) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом му се заканувала на нејзиниот 48-годишен сопруг. А.Б. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. 

03.07.2024 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега