Драма во Карпош: Девојка удирала и по автомобил и по возачот

 

Во саботата во 19.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Kарпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир.

29-годишната Е.Ѓ.  агресивно се однесувала, удирајќи по патничко возило „мерцедес“, соопштуваат од МВР. 

Според информациите, девојката удирала по патничко возило со битолски регистарски таблички и при тоа и физички ги нападнала и возачот и сопатникот.

07.04.2025 - 11:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега