Во СВР Скопје вчера во 11:00 часот било пријавено дека во градски автобус на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, паднала 84-годишната патничка Е.Д. од Скопје.
Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

