Close Menu
Press24
    Најново

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички

    Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички

    08.07.2026 во 16:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во гимназијата „Велфен“ во баварскиот град Шонгау денеска се случи напад во кој тешко се повредени две ученички. Полицијата уапси 16-годишен осомничен, а на терен се распоредени голем број интервентни единици, при што полицијата не ја исклучува можноста дека станува збор за напад насочен кон повеќе лица, објави „Билд“.

    Инцидентот бил пријавен во текот на денот, по што веднаш била покрената масовна безбедносна акција на германските служби.

    „Пријавата за нападот била примена околу 12:50 часот, по што сите расположливи полициски сили биле испратени кон училиштето, кое се наоѓа југозападно од Минхен. Инцидентот се случил за време на редовната настава.“

    Според германските медиуми, девојчињата се здобиле со убодни рани, но и покрај сериозноста на повредите, нивните животи во моментов не се во животна опасност. Засега нема подетални информации околу мотивите за овој крвав настан.

    Сторителот, 16-годишник, првично избегал од местото на настанот, но по брзата интервенција на полицијата, во која бил вклучен и хеликоптер, тој бил лоциран и лишен од слобода.

    Надлежната полициска управа веднаш излезе со првични детали за текот на истрагата на терен.

    „Според досегашните сознанија, претпоставуваме дека станува збор за еден сторител. Засега нема индиции дека во настанот учествувале повеќе лица“, соопшти полицијата на Јужна Горна Баварија преку социјалната мрежа Икс.

    Прочитај повеќе

    Пукање на универзитет, шест деца меѓу повредените во Талахаси

    26.10.2026 во 09:37

    Министер за меѓународни партнерства и странски инвестиции Зулфикар Зејнула во прва официјална посета на Турција: Средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан

    25.10.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.