Вчера околу 09:00 часот во атар на с.Град, делчевско, кај место викано „Трендафилово“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток забележале две лица, од кои едното носело ловечка пушка.
Лицето кое носело пушка се дало во бегство, но набргу, по преземени мерки, е пронајдено и лишено од слобода. Констатирано е дека се работи за Т.С.(48) од с.Град. Во негова близина е пронајдена и одземена ловечка пушка „орозарка“ за која е утврдено дека била во сопственост на неговиот починат дедо.
Известен е јавен обвинител, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 и 228 од Кривичниот законик.
Актуелно
- Битка против мразот во Украина: ЕУ испраќа 450 генератори за болниците да не останат во мрак
- Трагедија: Почина шестгодишно дете од Градско, телото дадено на обдукција
- Мицевски: СДС и ДУИ застанаа против проектот „Безбеден град“
- Спречена катастрофа во Скопје: Избувна пожар кај Тутунски комбинат – тим од 10 пожарникари на терен
- Управител на фирма го „олеснил“ РЕК Битола за речиси 90.000 евра со лажни документи
- Важно соопштение од МВР: Транспортерите излегуваат на протест, граничните премини ќе бидат блокирани седум дена
- Историски момент во Давос: Зеленски и Трамп очи во очи – договорот за безбедносни гаранции е готов, се чека само потпис
- Уставниот суд потврди – Радев веќе не е претседател на Бугарија

