Полицијата во Белград трага по триесет и петгодишен маж кој физички нападнал и малтретирал дваесет и четиригодишна бремена жена, по што побегнал во непознат правец.
Според првичните информации од истрагата, инцидентот се случил за време на свадбена церемонија на улицата Гундулиќев венец во Белград.
Напаѓачот најпрво вербално ја навредувал и омаловажувал младата жена, која била во шестиот месец од бременоста, упатувајќи и директни закани дека ќе ја убие.
Набргу по вербалната расправија, мажот физички ја нападнал трудницата така што силно ја турнал со рацете, ја стегал и ја удирал со тупаници по телото, а потоа ја удрил и со клоци во пределот на стомакот.
Повредената жена веднаш била пренесена во Гинеколошко-акушерската клиника „Народни фронт“, каде лекарите и укажале итна медицинска помош.
Истрагата за целиот случај ја води Првото основно јавно обвинителство во Белград, кое работи на пронаоѓање и приведување на сторителот.


