Драма кај Бит Пазар: Пукал со пиштол поради сообраќајна расправија

Вчера во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, физички го нападнало Р.Д.(36) и испукало со пиштол, информираат од МВР.

МВР соопшти дека Р.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, по преземени активности сторителот е идентификуван и станува збор за Н.М.(35).

МВР информира дека обезбедени се сите докази против него и распишана е потерница, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

13.08.2022 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега