ДПС, Преродба и ИТН ќе го поддржат предлогот на ГЕРБ за гласање недоверба на Владата на Петков

Движењето за правата и слободите, „Има таков народ“ и партијата „Преродба“ ќе го поддржат гласањето за недоверба на бугарската Влада, поднесено од партијата на Бојко Борисов – ГЕРБ.

Претставници на партиите денеска одржаа консултации за оваа тема. Лидерот на Движењето за права и слободи Мустафа Карадај оцени дека мотивите на ГЕРБ се основани и го повтори ставот на Движењето дека најважна антикризна мерка е оваа бугарска Влада да си замине, јави дописникот на МИА од Софија.

И „Преродба“ ќе го поддржи гласањето поради „несоодветната антибугарска политика“, изјави по средбата пратеникот од најмалата партија во Народното собрание Петар Петров. Според него, предвремените избори треба да се одржат што е можно поскоро.

Лидерката на пратеничката група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, објасни дека разговарала со „Има таков народ“. Претседателот на пратеничката група на „Има таков народ“ ,Тошко Јорданов, кој по консултациите со ГЕРБ изјави дека ИТН немаат никаква основа да ја поддржат владата на премиерот Кирил Петков.

 

15.06.2022 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа