Кривична пријава е поднесена против 30-годишна жителка на Скопје откако кај неа била пронајдена марихуана при посета во затворот „Идризово“.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Настанот се случил на 07.11.2026 година во просторија за посета во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Пријавената дошла во посета кај својот брат, а марихуаната била пронајдена и одземена при извршен претрес врз неа.

