Допирал малолетно девојче по телото, приведен Албанец


Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер, околу 20 часот, на улицата  Гоце Делчев во Гостивар, го лишиле од слобода 50-годишниот А. Т. од Република Албанија.

Тој претходно бил пријавен од 54-годишен гостиварец дека на 14 и 15 овој месец во Гостивар, во два наврата, ѝ се доближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото.

А. Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

19.03.2024 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега