На 17.11.2025 во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од Кавадарци пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви.

Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за 55 неексплодирани детонаторски каписли.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Exit mobile version