Докторката Цаца Билјановска се врати на работа во Клиниката за кожни болести

Докторката Нина Цаца Билјановска која што беше сменета од директорската позиција на Државната клиника за кожни болести поради тоа што на почетокот од епидемијата криеше дека била во Италија и имала симптоми на коронавирусот се врати на работното место, јавува ТВ 24.

Таа заработи кривична пријава, а Јавното обвинителство предложи да добие парична казна од 10 илјади евра.

Лекарската комора чека правосилна пресуда по што ќе одлучува дали ќе и биде одземена лиценцата за работа, во меѓувреме докторката се врати на клиниката.

Цаца Билјановска беше четвритиот пациент позитивен на коронавирусот во Македонија. Откако се утврди дека е позитивна целата клиника беше ставена под клуч, а нејзните колеги беа ставени во изолација. Ваквото однесување на докторката тогаш го осуди министерот за здравство и колегите од фелата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега