Докторка го пие овој напиток штом ќе стане наутрод - има неверојатно дејство врз здравјето

Го сподели својот утрински ритуал за ден исполнет со енергија.

Јудин Хари од Итната помош вели дека секој ден го започнува со млака шолја зелен чај. Важна е температурата, но и еден додаток.

Докторката која веќе ги открила своите совети против стрес, рекла дека овој чај го пие наместо кафе.

„Секое утро го започнувам со зелен чај. Многумина и не знаат дека тој исто така содржи кофеин, па ќе ве разбуди, но дозата е помала отколку во кафето и така нема да стабнете нервозни. Преполн е со антиоксиданси кои го забрзуваат метаболизмот, ги смирува воспаленијата и го зголемува согорувањето на масти“, рекла д-р Хари.

Зелениот чај има смирувачки ефект, поради што е добар ако работите стресна работа. Утрото ќе го започнете будни и фокусирани, но смирени.

Оставете зелениот чај да се излади пред да додадете лимон, кој ќе ја зајакне апсорбацијата на полифенол и ќе ви даде максимум благотворни дејства. Лимонот никогаш не треба да се додава додека е чајот врел, затоа што на температура од 70 степени Целзиусови губи најголем дел од витаминот Ц.

11.06.2021 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега