Доктор Оз сигурен: Убеден сум дека ова е најдобрата диета на сите времиња!

Гостувајќи на телевизија „E!“, познатиот нутриционист Доктор Оз ги коментирал предностите и маните на најпопуларните диети во 2020-та година.

Докторе, кажете нѝ нешто повеќе за диетата „30 денови“?

„Станува збор за диета која е многу популарна меѓу познатите актери, пејачи, забавувачи. Тоа е диета која ќе ви помогне да се чувствувате подобро: ќе имате енергија, ќе спиете подобро, подобро ќе живеете... Станува збор за цели 30 денови од исхраната да ја исфрлите цела преработена храна, алкохол, благи и житарици.

Значи јадете: јајца, морски плодови, риби, сирење, месо - сето она што би го одобрила вашата мајка. Мојата ќерка штотуку заврши со таа диета и предностите се: ќе го исчистите телото од благи и алкохол, а маните ѝ се тоа што е прилично строга и многу е тешко да се придржувате до неа цели 30 денови. Ако еден ден 'згрешите', мора да почнете одново“, вели доктор Оз.

А кога станува збор за Кето диетата, какви ви се впечатоците?

„Тоа е добра диета ако ја практикувате кратко време, но ако подолго време сте на ова диета, може да влијае на влошување на здравјето. Станува збор за таква диета во која се внесуваат многу протеини, многу масти и потоа ги согорувате калориите. Предноста е тоа што јадете храна која што вие ја сакате и слабеете, но на долги стази повторно ќе почнете да се дебелеете. Не би било паметно да ја држите оваа диета подолг период“.

Која диета можеме да ја држиме 'на долги стази'?

„Диета која подразбира балансирана исхрана, но и вежбање. Периодично гладување е нешто што го користи Хју Џекман и мислам дека тоа совршено му одговара. Еве во што е 'финтата': да речеме дека се придржувате до медитеранска исхрана и јадете сè што е здраво, но некогаш може да ипиете чаша вино. Многу е важно да не појадувате многу рано, но и да не вечерате прекасно. Појадувајте околу 10ч., а вечерајте околу 18 часот. Тоа значи дека повеќе од 12 часа ќе постите, т.е. гладувате. Поради тоа ќе имате подобар и помирен сон, а телото ќе се исчисти“.

Што е 'финтата' со медитеранската исхрана?

„Медитеранската исхрана е нешто што сите го препорачуваат и се смета за најздрава исхрана на светот. Може на неа да биде цел живот: јадете риба, ореви, вино, маслиново масло, цела вкусна храна. Најдобро од сè е тоа што може да имате ден кога ќе 'варите', односно тој ден јадете сè.“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа