Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доктор Коска ќе биде нов Потпретседател на СДСМ

    Доктор Коска ќе биде нов Потпретседател на СДСМ

    13.11.2025 во 13:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека ќе го предложи д-р Александар Трајановски за нов потпретседател на партијата. Предлогот ќе биде презентиран на седницата на Извршниот одбор, закажана за 18 часот. За назначувањето да стане официјално, потребно е да го одобри и Централниот комитет, но засега седница на највисокото партиско тело не е закажана.

    Филипче истакна дека процесот на кадровски промени се одвива внимателно и побара трпение од членовите и симпатизерите.

    „Вечерва ќе го презентирам дел од плановите. Сакам да најавам дека на позицијата потпретседател ќе го номинирам доктор Александар Трајановски, актуелен член на Извршниот одбор. Тој е исклучително посветен кадар, имаше одлична кампања и привлече многу внимание. Верувам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување“, рече Филипче.

    Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром на локалните избори, ќе биде предложен како наследник на Ана Чупеска, која поднесе оставка по изборите во 2025 година.

    Филипче ги демантираше медиумските написи дека бил одбиен од поранешен градоначалник, оценувајќи ги како апсолутни невистини.

    „Нема таков човек што одбил некаква понуда. Тоа не е точно“, истакна тој, додавајќи дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ се занимава со измислени теми наместо да даде одговори за економските предизвици.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.