Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе го посети ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар, каде што ќе се запознае со текот на градежните активности за доградба на нови училници.
Заедно со неа, на терен ќе биде и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
Со проширувањето на училиштето се создава дополнителен простор за учениците, со цел да се обезбедат подобри услови за реализација на наставата и поквалитетна образовна средина.


