Close Menu
Press24
    Најново

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба

    16.03.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов
    • Вучиќ одлучен: Србија гради силна војска за никој да не помисли на напад
    • Штипјани вечерва им оддадоа почит на загинатите од Кочани
    • Би-Би-Си алармира: Западот не е подготвен за поморска војна во Ормутскиот Теснец
    • Муцунски: По трагедијата странските земји ни потврдија дека имаме пријатели ширум светот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Додик со навредливи изјави на митинг – партијата казнета со максимален износ

    Додик со навредливи изјави на митинг – партијата казнета со максимален износ

    18.11.2025 во 19:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик ќе плати казна од 15.000 евра поради поттикнување омраза и навредлив говор кон Бошњаците на предизборен митинг.

    На собир организиран во рамките на кампањата за предвремените претседателски избори во Република Српска, Додик ги спореди Бошњаците со „амеби“ и ги нарече „лажливи Турци“.

    „Никој не лаже полошо и повеќе од Турчин“, изјави Додик на 10 ноември, повикувајќи ги локалните власти да спречат купување станови од страна на Бошњаците на територијата на РС.

    Централната изборна комисија на БиХ (СИП) со мнозинство гласови оцени дека неговите изјави претставуваат говор на омраза, за кој согласно регулативата од 2022 година е предвидена парична казна до 30.000 конвертибилни марки (15.000 евра).

    СНСД на предвремените избори го кандидираше Синиша Каран, кој речиси на сите митинзи настапува заедно со Додик. На почетокот на кампањата, Каран ги повика поддржувачите на 23 ноември „да покажат дека сè уште го поддржуваат Додик“.

    Милорад Додик беше отстранет од функцијата претседател на Република Српска откако годинава беше осуден на една година затвор за неспроведување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ.

    Популарно

    Трчајте на бензинска: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат од полноќ

    16.03.2026 во 12:51

    Нафтата драстично поскапе

    16.03.2026 во 09:25

    Трамп со ултиматум до НАТО: Помогнете во Ормутскиот теснец или Алијансата ја чека „многу лоша“ иднина

    16.03.2026 во 09:23

    Падна вработен во велешка банка: „Испразнил“ туѓа сметка, си подигнал 249.990 денари

    16.03.2026 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.