Close Menu
Press24
    Најново

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја

    Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја

    08.07.2026 во 15:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Геополитичките тензии и нарушувањата во глобалните синџири на снабдување повторно ја истакнаа стратешката важност на бакарот. Според најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), токму бакарот и алуминиумот се металите чии цени најсилно реагираат во услови на кризи, а експертите очекуваат трендот на висока побарувачка да продолжи и во наредниот период.

    И покрај тоа што Македонија располага со значајни резерви на бакар, тие и натаму остануваат неискористени. Единствениот активен рудник за бакар, „Бучим – Боров Дол“, постепено ги исцрпува своите резерви, додека проектот „Иловица – Штука“, каде геолошките истражувања потврдија значајни количини на бакар, сè уште не е реализиран. Според проектните проценки, таму би можеле да се произведуваат околу 16.000 тони бакар годишно.

    Паралелно, во земјата продолжуваат геолошки истражувања и на други локалитети, меѓу кои и во околината на Крива Паланка, каде покрај бакар се испитува и присуството на антимон. Сепак, Македонија засега нема нови производствени капацитети што би ѝ овозможиле да ја искористи високата цена на бакарот на светските пазари, која на Лондонската берза надмина 13.000 американски долари за тон.

    Од граѓанската иницијатива „И здравје и работа“, која го поддржува проектот „Иловица – Штука“, повторија дека економскиот развој и заштитата на животната средина не треба да се спротивставуваат, туку да одат паралелно преку примена на современи технологии и строга законска процедура.

    „Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не издадат дозвола. Но, доколку ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш имаат и обврска да постапат согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи“, посочуваат од иницијативата.

    Во анализата „Глобалната економија во сенка на војната“, ММФ наведува дека прекините во снабдувањето предизвикани од конфликтите на Блискиот Исток довеле до значителен раст на цените на основните метали. Најголем скок забележал бакарот, чија цена пораснала за 29,5 проценти, додека алуминиумот поскапел за 29,8 проценти.

    ММФ оценува дека побарувачката за основните и критичните минерали ќе остане висока и во 2026 година, бидејќи понудата сè уште е ограничена. Поради тоа, Фондот ги повикува владите да спроведуваат структурни реформи, да ги поедностават процедурите за рударски проекти и да создадат услови за нови инвестиции во рударството и металургијата.

    Во такви околности, останува отворено прашањето дали Македонија ќе успее да го искористи својот потенцијал и да се вклучи во глобалната побарувачка за бакар или значајните ресурси во Иловица и понатаму ќе останат неискористени.

    Прочитај повеќе

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.