Додека беснее војната, во Киев извршена трансплантација – девојче доби ново срце
Во екот на војната што беснее во Украина и постојаната закана од руски ракети, во Киев била извршена успешна трансплантација на срце на шестгодишно девојче.
Во тричасовна операција девојчето го добило срцето на четиригодишно момче, на кое по аневризма бил прогласен за мртов. Ова е прв пат да се изврши трансплантација на срце на толку мали деца во Украина.
Трансплантацијата ја извршил тим лекари на чело со главниот научник на Одделот за хирургија Борис Тодуров.
„Операцијата помина добро, девојчето е екстубирано два часа по операцијата“, напиша Тодуров на својот Фејсбук профил.
На операцијата била присутна и мајката на момчето чие срце и било дадено на девојчето.
„Трогателно е тоа што мајката на починатото момче дојде да го слуша срцето на нејзиното дете како чука во друг граден кош“, рече Оксана Дмитриева, претседателка на поткомитетот на украинскиот парламент за современи медицински технологии и развој на трансплантација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа