Close Menu
Press24
    Најново

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доброволци и пожарникари се бореа со огнот – Изгаснат пожарот во Штип

    Доброволци и пожарникари се бореа со огнот – Изгаснат пожарот во Штип

    11.06.2026 во 09:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пожарот што беснееше над градот Штип е целосно изгаснат, потврди за МИА градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

    Според пожарникарот водич во Територијалната противпожарна единица – Штип, Дарко Коцев, околу полноќ огнот бил ставен под контрола, по што екипите во текот на ноќта спроведувале континуирани контроли за да се спречи повторно разгорување на пламените јазици.

    Тој појасни дека веднаш по пријавата за пожарот на терен излегле 23 пожарникари со пет противпожарни возила, во целосна мобилизација на единицата.

    Во гаснењето учествувале и 12 доброволни пожарникари од Доброволното противпожарно друштво – Штип, кои, како што наведуваат, за околу 10 минути се организирале и со сопствени теренски возила се приклучиле на интервенцијата, помагајќи на тешко пристапниот терен.

    Градоначалникот Јорданов им се заблагодари на пожарникарите, доброволците, месното население и вработените во штипските јавни претпријатија за ангажманот во локализирањето на огнената стихија.

    Според информациите на МИА, пожарот бил предизвикан од удар на гром на еден од ридовите над викенд-населбите Плуждино и Новакова Чешма. Поради ветерот, огнот брзо се ширел по ридските предели и се приближувал кон неколку населби во Штип.

    Изгореле сува трева и грмушки, без штета на имот и без повредени лица.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.