Добра вест за сите што патуваат во Грција - релаксирани мерките за влез во земјата

 

Зголемена фреквенција, но без вообичаените гужви и колони со возила, таква е сликата на јужната граница за време на првиот продолжен викенд после отворањето на границата од страна на Грција. Во однос на  периодот пред пандемијата кога за празничните викенди кон јужниот сосед се упатуваа и по десетина илјади граѓани денеска за излез од Македонија заедно со транспортерите беа регистрирани околу 1700 патници . За разлика од пред една недела, сега грчките власти признаваат и тест за антитела, но документот мора да биде на англиски, германски, француски или италијански јазик.

 Најголемиот дел од патниците се српски и македонски државјани. Речиси сите кои доаѓаат од Србија  имаат документ  за примени две дози вакцини, додека поголемиот дел од македонските граѓани границата ја минуваат со негативен ПЦР тест, но имаше и такви кои веќе го завршиле процесот на вакцинација.

„Се имаме комплет. Значи од документи вакцина задолжителна, но мора да има 14 дена од последната доза и ова стандардното што оди и до сега“, вели турист од Србија.

„Се имаме. Ние сме вакцинирани, а за детето имаме тест, имаме и пополнет формулар“, вели друг турист од Србија.

Граничниот премин Евзони кој беше затворен цели 14 месеци грчките власти го отворија минатата недела. Од тогаш па до денес преку овој премин влез во Грчките оствариле околу 13 500 патници, што е далеку од периодот пред пандемијата со корона вирусот кога вакви бројки се регистрираа само за еден ден.

22.05.2021 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега