Добра вест по хоророт во Кочани - 12 од повредените излегуваат од болница

 

Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои со повреди се здобиле во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде за жал загинаа 59 лица.

12 се во клинички центар, 10 во стара Градска болница, 10 пациенти во „8-ми Септември“, а во приватните клиники 7 пациенти.

За деталите денеска информираше министерот за здравство, Арбен Таравари, на прес-конференција.

-Добрата вест е што денеска се испишуваат 12 пациенти и практично ќе останат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците во Скопје. Во странство се лекуваат 115 пациенти. Добра вест е што најверојатно едниот пациент денес се враќа од Белград на понатамошно лекување во Скопје. Пациентот е во добра општа состојба, ќе биде направена тријажа и ќе биде сместен на клиника, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција.

Во критична состојба се 4-5 пациенти кои се на лекување во странство.

25.03.2025 - 10:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега