Македонија се подготвува за првиот посериозен топол бран годинава, кој ќе донесе летни температури на воздухот. Според најавите на метеорологот Славчо Попоски, претстојниот викенд ќе обележи значително затоплување низ целата држава.

Особено топло ќе биде во централните и југоисточните предели, каде се очекува живата во термометарот да се искачи и до 30 степени.

„Полека но сигурно во Македонија ни доаѓаат долго очекуваните летни температури на воздухот, особено за време на викендот кога тие особено во централните и во југоисточните предели ќе се искачат и до 30 степени“, вели Попоски.

Освен дневните, значително ќе пораснат и утринските температури, со што целосно престанува опасноста од појава на мраз и слана.

„Ова значи дека конечно во следните денови ќе потпаднеме под првиот значително потопол бран од југ, односно од Африка“, најавува метеорологот, додавајќи дека летните температури ќе го зафатат целиот Балкан до крајот на седмицата.

Exit mobile version