До крајот на неделава ќе бидат исплатени средствата од скенираните фискални сметки

До крајот на оваа недела се очекува да се заокружи исплатата на средства од скенираните фискални сметки за периодот април - јуни, соопшти попладнево Управата за јавни приходи. 

- Управата за јавни приходи подготви налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата. Исплатата продолжува и во наредните денови од оваа недела се до целосна реализација кон граѓаните кои имаат уреден запис за трансакциска сметка во самата апликација, велат од УЈП.

Апелираат до граѓаните кои имаат грешен запис за трансакциска сметка или воопшто немаат запис за трансакциска сметка да ја внесат точно својата трансакциска сметка за да може да им биде извршен повратот на ДДВ.

Исплатата на средствата се реализира по усвојувањето на ребалансот на Буџетот. 

26.08.2024 - 17:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега