Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Температурен пресврт: Од утрински минус до нагло затоплување во 11 часот, ова се температурите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » До 100 евра месечно за откуп на стаж: Велковски ја најави новата мерка за оние на кои им недостигаат години за пензија

    До 100 евра месечно за откуп на стаж: Велковски ја најави новата мерка за оние на кои им недостигаат години за пензија

    15.09.2026 во 17:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Околу 100 евра месечно, односно најмногу околу 2.500 евра за две години – толку би чинел откупот на недостиг од пензиски стаж според новите законски измени кои се наоѓаат во владина процедура.

    Како што најави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, граѓаните на кои им недостигаат до 24 месеци стаж ќе можат со сопствена уплата да го остварат правото на старосна пензија.

    Мерката ќе важи за неактивни осигуреници, односно лица кои повеќе не се во работен однос, имаат наполнето 62 години за жени, односно 64 години за мажи, и имаат остварено најмалку 13 години работен стаж.

    Според образложението на Велковски, при пресметката на откупот ќе се земаат 50 отсто од просечната нето-плата од претходната година, а врз утврдената основица ќе се применува стапка на придонеси од 19,9 проценти.

    Доколку просечната плата изнесува 45.000 денари, основицата би била 22.500 денари. Во тој случај, еден месец стаж би чинел околу 4.478 денари, односно приближно 73 евра.

    За максималните 24 месеци, според оваа пресметка, граѓаните би требало да издвојат околу 107.460 денари, односно околу 1.750 евра. Во зависност од конечните пресметки, вкупниот износ би можел да достигне до околу 2.500 евра.

    Велковски појасни дека висината на идната пензија ќе зависи од претходните примања во текот на работниот век, остварениот стаж и платата на која било пријавено лицето. Точните формули ќе бидат утврдени со финалното законско решение.

    Министерот се осврна и на вториот пензиски столб, демантирајќи ги шпекулациите дека Владата планира негово укинување или национализација.

    Како што посочи, наместо укинување се разгледува можноста за реконструкција на системот, со цел негово зацврстување и обезбедување поголеми и посигурни пензии за идните пензионери.

    – Пред дваесетина години, кога првпат се воспостави вториот столб, параметрите беа поинакви. Имавме различна плата, различен број вработени и различна демографска структура. Анализите треба да покажат што значи денешното штедење во вториот столб и какви пензии ќе остварат идните пензионери, истакна Велковски.

    Тој додаде дека за оваа цел се спроведуваат и компаративни анализи со други европски држави кои применуваат сличен пензиски модел.

    Прочитај повеќе

    Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период

    06.10.2026 во 11:22

    Светска банка со нова прогноза: Економски раст од 3,2% за Македонија

    06.10.2026 во 09:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.