Дневен хороскоп: Јарецот бара развод, Ракот се вљубува

ОВЕН

Заинтересирани сте за промена на работата, и се распрашувате кај блиските дали може да ви помогнат. Не сте задоволни од врската. Свесни сте дека односот не може да се подобри, односно врската ги брои последните денови. Чувствителна глава.

БИК

Ситуацијата е стабилна. Задоволни сте како се одвива и не очекувате проблеми во иднина. Расположени сте повеќе за дружба со пријателите, отколку со другата половина, но партнерот не ви замерува. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Задоволен сте од ситуацијата. Работата не само што нормално се одвива, туку делува перспективно. Заинтересирани сте за личност на која не знаете како да и пријдете, затоа што ви делува сериозно и затворено. Добро се чувствувате.

РАК

Во тек е неповолен период за работа. Обврски има многу малку и се плашите ваквата ситуација да не продолжи. Во фаза сте на вљубување. Имате впечаток дека сте нашле партнер со кој може да го минете целиот живот. Расположението е во пад.

ЛАВ

Што и да се обидете, не успевате да ја поместите работата од мртва точка. Загрижени сте поради тоа. Воопшто не се трудите да го поправите односот со брачниот партнер. Двајцата сте незаинтересирани. Коските се чувствителни.

ДЕВИЦА

Пријател знае во каква ситуација сте, и сака да ви помогне. Ве препорачува и дава гаранција за вашата работа. Брачниот партнер трпеливо чека да ги надминете работните проблеми за, конечно, да му се посветите. Хронични болести.

ВАГА

Работната ситуација е стабилна. Нема некои значајни случувања. Задоволен сте како работата напредува. Врската е во криза. Дошло до оддалечување, пад на интересот. Тешко ви е, но сте свесни дека нема потенцијал да опстане. Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Пробувате да најдете работа во странство. Имате впечаток дека тоа е единствено решение во оваа ситуација. Бракот е стабилен. Партнерот е личност која ви дава сила да одите понатаму. Изморени сте.

СТРЕЛЕЦ

Работата е стабилна. И покрај тоа размислувате за заминување во странство. Ве повикуваат на далечина. Не сте претерано заинтересирани ниту за влез во врска, ниту за врска. Други работи ви се сега важни. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Ако работите приватен бизнис, во огромни проблеми сте кои не успевате да ги решите. Се плашите дека мора да ја затворите фирмата. Официјално поднесувате барање за развод. Брачниот партнер не ја прифаќа идејата. Коските се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Одличен ден за кратко патување. Состанокот не се одвива лесно, но се борите до крај за постигнување на целите. Брачната криза и натаму е актуелна. Целосно сте незаинтересирани за подобрување на односот, како и брачниот партнер. Притисокот е нестабилен.

РИБИ

Поради недостаток на работа, добивате слободни денови. Уплашени сте да не е вовед на некој прекин на работниот однос. Сонувате за љубов. Во реалниот свет ниту некој не ви се допаѓа, ниту сте во ситуација да запознаете некоја нова личност. Срцето е чувствително.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега