Дневен хороскоп: Еден знак ќе запознае нова љубов на работа

ОВЕН

Работа: Лекциите кои сте ги научиле во минатиот период, конечно, ќе може да ги примените и да наидете на разбирање и поддршка.

Љубов: Се чувствувате тесно во својата кожа, партнерот може да ви биде здодевен, а желбата за запознавање нови луѓе е нагласена.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.

БИК

Работа: Наградата и напредокот се сосема извесни како конечно решение на некој проблем кој датира од порано, со кој веќе долго време се мачите.

Љубов: Можете да влезете во краткотрајна врска, но исто така и лесно да ја прекинете.

Здравје: Опуштете се со драги луѓе.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Само што сте помислиле дека решение можеби нема и покрај тоа што се трудите, тоа стигнува. Чувството ќе биде фантастично.

Љубов: Дружете се што повеќе, запознавајќи други, подобро ќе се запознаете себе си.

Здравје: Проблеми со синусите.

РАК

Работа: Се тружите на вообичајниот ритам и работа која знаете да ја работите, затоа што тука сега „лежи“ можноста за напредок.

Љубов: Слободните Ракови ќе најдат нова љубов која ќе ја запознаат преку работа.

Здравје: Проблеми со циркулација.

ЛАВ

Работа: Денешниот ден носи можност за судир со претпоставените поради различност во ставовите и идеите.

Љубов: Можно е да вљубите, но и да страдате, затоа што ќе мислите дека партнерот не може да ги разбере вашите чувства и потреби.

Здравје: Минлива кашлица.

ДЕВИЦА

Работа: Нагласено е недоразбирањето со колегите кои може да помислат дека сте премногу директни и искрени за нивен вкус.

Љубов: Неопходно е да избегнувате сериозни разправи кои сигурно ќе ве воведат во караници, а тоа вие не го сакате.

Здравје: Воспаленија се можни.

ВАГА

Работа: Желба за промена на работното опкружување и работа е нагласена, и тоа не е залудно. Слушајте ги своите инстикти.

Љубов: Ви се „насмевнува“ љубов со личност која е помлада, присутна е значајна разлика во годините, а личноста ќе ја најдете преку пријател.

Здравје: Вкочанетост.

ШКОРПИЈА

Работа: Многу од вас сериозно ќе размислувате околу дополнително школување и образование.

Љубов: За зафатените ова е посебно предизвикувачки ден за влез во љубовни врски, тајна љубов, а можно е да мислите дека партнерот ве изневерува.

Здравје: Добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Посебно поволен ден за работа во група, за личности кои се занимаваат со уметност, како и за хумани професии.

Љубов: Големиот дел од припадниците на овој знак очекуваат радикални промени и на љубовен план.

Здравје: Проблеми со притисокот.

ЈАРЕЦ

Работа: Пречувствителност е нагласена, но насочувањето на енергијата на други и на грижа за другите, може да ја намали оваа неповолност.

Љубов: Прифаќањето она кое е моментално пред вас, се отворате за нови видици било да сте во врска или сами.

Здравје: Водете сметка околу главата.

ВОДОЛИЈА

Работа: Се укажуваат некои нови шанси. Многу од вас ќе размислуваат за промена на работата.

Љубов: Станувате екстремен кон партнерот и не водите сметка за последиците.

Здравје: Пад на имунитетот.

РИБИ

Работа: Конечно дошло до олеснување и раст на ентузијазмот. Ви се враќа животната енергија, па ќе бидете отворени.

Љубов: Искористете го денот да ја поправите комуникацијата со партнерот.

Здравје: Внимавајте со внесот на шеќери во организмот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега