ДКСК ќе расправа по приговор поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 34. седница на чиј дневен ред е постапувањето по приговори доставени од учесници во изборната кампања за претстојните предвремени парламентрани избори.

Комисијата ќе го разгледа приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ преку овластениот потписник Игор Јанушев.

Имајќи ги предвид препораките на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19 и немањето соодветни услови, седницата ќе се одржи без присуство на медиуми, но во живо ќе може да се следи на линкот https://us02web.zoom.us/j/84541056980. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа