Цената на дизелот во Германија достигна рекордни 2,471 евро за литар, а за полн резервоар од 50 литри возачите сега треба да издвојат повеќе од 123 евра.
Германските транспортни компании предупредуваат дека растот на цените сериозно ги зголемува трошоците, особено кај малите и средните превозници, и бараат итна помош од Владата.
Како главни причини за поскапувањето се наведуваат ескалацијата на Блискиот Исток, растот на цените на суровата нафта и проблемите со снабдувањето.
Германската Влада најавува помош, а како можни мерки се разгледуваат намалување на данокот или ДДВ-то на горивата.
Од германскиот авто-клуб АДАЦ, сепак, оценуваат дека само цената на нафтата и курсот на еврото не можат целосно да го објаснат рекордното поскапување на пумпите.

