Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Директорот на албанската полиција: Функционерите на „Вреди“ беа слободни, придружбата беше проблемот

    Директорот на албанската полиција: Функционерите на „Вреди“ беа слободни, придружбата беше проблемот

    09.07.2026 во 18:511 Min Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Задржувањето на македонските функционери од коалицијата „Вреди“ на граничниот премин Ќафасан не било поради забрана за нив, туку поради законска пречка за нивната придружба. Ова го појасни директорот на албанската полиција, Скендер Хита, по острите реакции во јавноста.

    Според Хита, во возилото имало четири лица, од кои тројца – пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани – имале уредни дипломатски пасоши и им било дозволено да влезат во Албанија.

    „Трите лица со дипломатски пасоши беа информирани дека може да го продолжат патувањето. Но, четвртото лице во нивно друштво имаше законски пречки за влез. Функционерите тогаш самите одлучија да не патуваат и заедно се вратија во Македонија“, изјави Хита, нагласувајќи дека станува збор за редовна полициска процедура која нема политичка позадина.

    Инцидентот претходно предизвика лавина реакции откако од „Вреди“ побараа официјално објаснување од Тирана, а во медиумите се појавија шпекулации дека македонските политичари се наоѓаат на наводен „црн список“ на Албанија поради поддршка на тамошните антивладини протести.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.