Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Директорката на Инспекторатот: За спорниот приклучок во Гостивар немало никакво барање ниту одобрение

    Директорката на Инспекторатот: За спорниот приклучок во Гостивар немало никакво барање ниту одобрение

    21.07.2026 во 11:142 Mins Read
    Принтскрин, видео, прес-конференција на Влада
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем, кој е предмет на истрагата за загадувањето на водата, не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја има ЈКП „Комуналец“ – Гостивар, информираше директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска.

    Таа на прес-конференција во Владата посочи дека за овој приклучок не било доставено барање до Министерството за животна средина и просторно планирање.

    „Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата, надвор е од нејзиниот опсег. Не е ниту во санитарните заштитни зони, ниту во самиот извор, туку се наоѓа на околу 800 до 900 метри од главниот цевковод кој ги снабдува Гостивар и околните села со вода за пиење“, изјави Гиновска.

    Според неа, за секоја измена на дозволата која ја поседува комуналното претпријатие мора претходно да биде поднесено барање до Управата за животна средина – Сектор води, по што надлежните одлучуваат дали ќе ја одобрат промената.

    „Во конкретниот случај станува збор за цевковод кој служи за вода за пиење и за кој важат исклучително строги санитарни услови. Такво барање до денес не е пристигнато во Министерството“, додаде директорката.

    Гиновска информираше дека на 16 јули, по барање на Основното јавно обвинителство Гостивар, бил извршен вонреден инспекциски надзор, координиран со криминалистичката полиција, Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје и ЈКП „Комуналец“.

    Таа нагласи дека Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжи да соработува со обвинителството, но дека нема надлежност за квалитетот на водата за пиење и лабораториските анализи.

    Претходно, директорот на АХВ, Оливер Миланов, изјави дека истрагата треба да утврди како било дозволено пумпи да бидат поставени на див приклучок, додавајќи дека можно е тие да биле поставени непосредно пред настанот.

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.