Димовски: Ви требаа 5 години за да го разберете тоа што ви го зборувавме, направивте беља, а сега е време за одговорност

„ Ви требаа 5 години за да го разберете тоа што ви го зборувавме, направивте беља, а сега е време за одговорност и оставки“ напиша на својот фејсбук профил Илија Димовски, член на ВМРО-ДПМНЕ  и поранешен пратеник во Собрание.

„Ви требаа 5 години за да го разберете тоа што ви го зборувавме.
Направивте голема БЕЉА.
Сега е време за ОДГОВОРНОСТ и ОСТАВКИ.
Велевте ова е патеката.
Велевте Договор со Бугарија ги затвара сите прашања.
Велевте Бугарија ќе ни биде најдобар и најсилен поддржувач.
Велевте дека не се чепка во македонскиот идентитет.
Велевте дека македонскиот јазик ни е бетон.
Велевте нема да се чепка во Уставот.
Велевте дека уште името и се ќе биде лесно.
Велевте дека за блокадите Македонија е сама крива.
Велевте дека Грција и Бугарија ќе не внесат во ЕУ.
Велевте претходната Влада свесно ја држи Македонија под блокада.
Велевте "се е тоа во глава на вмровците".
Велевте дека вие знаете да не однесете во Брисел.
Бевте/и сте неуки на балкански историски теми.
Бевте/и сте неискусни да работите со вистински предизвици.
Бевте/и сте арогантни кога ви се велеше дека грешите.
Бевте/и сте фантазери мислејќи дека само вас ве чекаат во Европа.
Бевте/и сте без чуство за проблемите што ги предизвикавте на државата и на многу луѓе поединечно.
Ги потрошивте најсилните аргументи и позиции што ги имаше Република Македонија
за да денес,
после 5 години криза,
протести,
политичко обвинителство,
фабрикувани судски предмети,
напади,
кршење,
закани,
тепачки,
менување име,
нарушување идентитет,
да ни го кажете тоа што ви беше кажувано пред 5 години.
Затоа, ОДГОВОРНОСТ и ОСТАВКИ!“ напиша Димовски.

За потсетување, денес се очекува Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ виртуелно да го одржат долгоочекуваниот Совет за општи работи на кој требаше да се усвои рамката за преговори со Македонија и Албанија, но Бугарија не отстапува од својот став и извесно е дека ќе ја блокира преговарачката рамка за Македонија поради билатералните несогласувања.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега