Димовски: Ова веќе не е политика, не смееме да дозволиме етноцид врз Македонците

Поранешниот пратеник Илија Димовски вели дека протестите веќе не се политика. Тој преку објава на социјалните мрежи вели дека не смееме да дозволиме идентитетски, културен, јазичен и цивилизациски етноцид врз Македонците во Република Македонија.

-Никој да не се занесува дека Европа, а посебно Балканот живее во 21-ви век, назад сме, во 19-ти. Пред само 100 години македонскиот културен и јазичен идентитет во егејска Македонија беше доминантен. Денес е сведен на минимум, потиснат и игнориран. Пред само 70 години македонскиот културен и јазичен идентитет во пиринска Македонија беше доминантен. Денес е сведен на минимум, потиснат и игнориран, вештачки апсорбиран во рамките на бугарскиот идентитет, вели Димовски.

Според него, Македонците немаат избор во отпорот кон сите обиди за демакедонизација.

-Затоа, немаме избор во отпорот кон сите обиди да не направат народ без име, идентитет и културно-историски континуитет рамен барем на сите наши соседи. Секогаш сме биле мирен, мирољубив и трпелив народ. Во нашата историја нема ниту една агресија кон никој наш сосед. Ќе го побараме тоа од сите околу нас. Малку ни остана, мора да го одбраниме. Ова повеќе не е политика, ова е наш изблик пред обидот како од 19-от век за остварување на плановите на големите државни планови и пропаганди. Можеше Пулевски, Мисирков, Рацин, Неделковски... можеме и ние, напиша Димовски.

 

 

04.07.2022 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега